Проблемот на владата предводена од СДСМ е што има голема непопуларност, што луѓето не и веруваат, премиерот е и судија и кадија, ослободувате пратеници од притвор за да гласаат за уставни промени и промена на името… Ова се само дел од работите кои Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ гостувајќи на телевизија Канал 5, ги посочи како одлика на владеењето на СДСМ.

Според него најголемиот проблем е што ништо не е реализирано од ветувањата.

Наместо зборот е збор, за вас лагата е лага, рече Ѓорчев на гостувањето на Канал 5, обракајќи се на гостинот од СДСМ беше Хари Локвенец.

Тој како што посочи во овој период откако е СДСМ на власт, а ако се смета и периодот на техничка влада, станува збор за четврта година владеење „една шајка не е закована, една бандера не е направена“.

Владата на СДСМ има само автоголови и го менува името за што не доби мандат, рече Ѓорчев



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.