Поранешниот пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ,  Владимир Ѓорчев,  во утринската емисија на ТВ Алфа „Добро утро, секое утро“ истакна дека состојбата со епидемијата на Ковид-19 во Македонија е катастрофална и нема зборови кои што ќе можат тоа да го ублажат, да го разубават или владини мерки, какви што не се носат, а кои што ќе можат да ја подобрат ситуацијата.

Македонија прво има најмногу починати на еден милион жители на Балканот, никој не е полош, меѓу најлошите сме во Европа, а последните неколку недели сме најлоши во Европа никој друг не е полош од нас и тоа граѓаните го плаќаат со нивните животи, вели Ѓорчев.

Според него, премиерот и министрите целосно потфрлиле во справување со здравствената, но и економската криза посочувајќи дека секојдневно има губење на работни места и дека граѓаните живеат се потешко.

Имаме влада, премиер и министри кои што тотално потфрлија кои што имаат фијаско. Македонија се наоѓа во најголемата рецесија последните 30 години, и официјално во која што десетици илјади луѓе губат работни места во која што се затвораат бизнис, каде што се потешко се живее, каде што буквално имаме катастрофа – додаде тој.

Во однос на економската криза, Ѓорчев нагласи дека и во 2008 и 2009 година се случило криза во светски рамки, но тогаш и покрај кризата имало плати и за вработените и за пензионерите, како и за изградба ана автопати, на сали, но како што рече, состојбата во Македонија никогаш не била полоша а граѓаните го плаќаат со нивните животи.

Би потсетил во 2008, 2009 година имаше исто ваква криза во светски рамки, тоа беше задолжничка криза, каде што Македонија ја помина речиси без да ја осети. Тогаш имаше и за плати, и за пензии, и за рати, за градење на автопатишта, и на спортски сали и на се останато. Но, сега немаме ништо, еден километар автопат немаме изградено. Значи ако ги сумираме сите овие прашања се доаѓа до еден јасен заклучок а тоа е дека состојбите во Македонија не биле никогаш полоши, дека имаме фијаско на владата, дека имаме неснаоѓање кое што за жал граѓаните го плаќаат буквално со нивните животи – изјави тој.

Коментирајќи ги изјавите на Венко Филипче, Ѓорчев посочи дека додека тој прогнозирал бројот на заболени за цела пандемија да биде 2.000 и 200 починати, сега неделно имаме 2.000 заболени и 200 мртви.

Македонија оваа недела се движи околу 1.000 починати. Филипче кажа 2.000 заболени и 200 мртви, а ние сеа неделно имаме 2000 заболено и 200 мртви, значи неделно – истакна Ѓорчев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.