Владимир Ѓорчев, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Тетово прогласи убедлива на ВМРО-ДПМНЕ во однос на СДСМ на изборите за општински совет, додавајќи дека власта на СДСМ и Ковачевски е делегитимирана од страна на граѓаните.

Владата на Ковачевски вечерва од Тетово од граѓаните од народот од сите националности е делегитимирана. Имаме убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ во однос на СДСМ, и имаме убедливо опозиционо антивладино расположение, изјави тој.

Ѓорчев потенцираше дека на скоро сите избирачки места водството на ВМРО-ДПМНЕ е убедливо, на некои места двојно а на некои тројно, укажувајќи дека победата им е значајна на сите места подеднакво.

Кога се ќе се собере кога сите досега населби, месни комитети, села, избирачки места ги ставиме на куп имаме ВМРО-ДПМНЕ 3100, СДСМ 1500. Повеќе од два спрема еден. И најважното, за Македонија. Ова е сигнал, ова е знак, ова е порака од Тетово која што порачува дека на нашата татковина Македонија и треба нова влада предводена од Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, и треба на Македонија влада која ќе работи заедно со 50 градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, наспроти 10 градоначалници од СДСМ и коалицијата, вели Ѓорчев.

Ѓорчев им се заблагодари на сите граѓани за поддршката, потенцирајќи дека на Македонија и е потребно премиер кој што ќе ги реши проблемите на граѓаните, а како што рече тоа е Христијан Мицкоски.

Ни треба премиер енергетичар кој што ќе знае да ги реши проблемите кои што во моментот се најважни и во Европа и во Светот. Премиер енергетичар, експерт во делот на инфлација струја и сето она кое што го имаме како тешкотија наредните месеци. Македонија е во тешка ситуација, цените растат, владата е делегитимирана, владата е некомпетентна. Затоа нека се радува Македонија одиме чекор по чекор и не е лесно.

Ѓорчев даде свој коментар за прогласување на победа на СДСМ од страна на Ковачевски во Центар Жупа, изјавувајќи дека апсурдно е Ковачевски да прогласува победа на место каде што има само еден кандидат.

Зар не е апсурдно Ковачевски да прогласува победа во Центар Жупа со еден кандидат. Тоа се избори каде што имаше само еден кандидат и ниту еден друг, нагласи тој и додаде дека СДСМ може да победува на места каде што има само еден кандидат.

СДСМ може да победува само каде што има еден кандидат. Таму каде што има 11 листи тоа е во Тетово, најголемата општина каде што вечерва имаше избори таму убедливо победува ВМРО-ДПМНЕ заедно со граѓаните од сите националности, нагласи Ѓорчев.

За изборниот резултат во Маврово Ростуше, Ѓорчев рече дека нема откажување бидејќи на изборите за градоначалник имало жесток притисок од страна на власта, од полицијата, институциите врз граѓаните на Маврово Ростуше.

Не се откажуваме, во Маврово Ростуше сме победувале и ќе победуваме. Изборите кои што таму се одржаа беа срам за власта, огромни притисоци, купување на гласови. Но кога ќе има парламентарни избори нема да можат да ја купат цела Македонија, дециден е Ѓорчев.

Тука имаме победа на ВМРО-ДПМНЕ повеќе од два спрема еден, тука ќе имаме сериозно и стабилно мнозинство во советот на Тетово и на тој начин ќе ја градиме Македонија, порача тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.