Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев пред десетина дена ја објави својата кандидатура за претстојните претседателски избори, а тој веќе и ја почна својата кампања и посети неколку градови и населени места низ земјата.

Тој вчера објави фотографии од своите посети во Чашка, Велес, Сопиште, Аеродром и Кисела Вода, a на својот Фејсбук постираше и фотографија со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на која како опис вели:

Три важни работи: 1. Прво, имам бесконечна доверба во членството и делагатите на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ. Се надевам дека ќе бидам избран за кандидат. Секој резултат ќе го почитувам. Секој претседателски кандидат избран на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ ја има мојата целосна поддршка. Од понеделник тргнуваме заедно да ги поразиме Заев и СДСМ.

2. Второ, Христијан Мицкоски ја има мојата целосна поддршка како претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Изминативе 15 месеци, сега во моментов и понатаму стојам зад неговата напорна работа во овие тешки околности за државата и ВМРО-ДПМНЕ. Во следните месеци и години треба да се насочиме кон штетните политики на СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ е најсилна како обединета и сплотена структура. Христијан Мицкоски е нашиот кандидат за премиер на следните парламентарни изботи, а потоа мандатар и претседател на Владата на Република Македонија.

3. Трето, како претседател на Република Македонија, после првиот ден со Мицкоски како премиер, ќе иницирам повторно основање на тимовите за странски инвестиции. Ќе го вратиме времето кога во Македонија се отвораа фабрики и погони секој месец. Како претседател, подготвен сум со идниот премиер Мицкоски заедно да појдеме низ целиот свет за да привлечеме нови инвеститори и да се отвораат нови работни места. Да расте стандардот и да ги задржиме младите. Заеднички и сплотено ќе се бориме за подобра Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.