Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев претстојуваше во Молдавија како предавач на конференциите на ПАС – ЕПП партијата.

Во својата рекапитулација на посетата на Молдавија Ѓорчев истакна:

„Молдавија силно се развива. Не им е лесно, ги чувствуваат последиците на војната во Украина, но земјата оди напред”.

Ѓорчев додаде:

„Македонија стагнира и секој ден е се’ полошо. Изминативе 5 години со владите на Заев и Ковачевски, Македонија ја поминаа Албанија, Србија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина… Земјите кои беа позади нас, сега се многу подобри од нас”.

Ѓорчев резимираше:

„Македонија мора да застане на нозе и да оди напред. Затоа ни се потребни промените”.

Конференциите на ПАС – ЕПП се одржуваат во соработка со фондацијата Јарл Хјармалсон, блиска до владејачката Модератерна партија од Шведска.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.