Владимир Ѓорчев, секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисијата „24 анализа“ што се емитува на телевизја 24 рече дека Владата на Зоран Заев направи се за да ја урниса македонската позиција и ја доведе Македонија во најлоша позиција на меѓународната сцена.

Позицијата и те како е влошена, не само што има блокада од Бугарија, има најава и за нератификување на меморандуми од Грција. Во меѓувреме нашите неразбрани трговци ги избришаа сите црвени линии, Македонија е како никогаш до сега поразена и опљачкана, а Европа не сака да почне преговори со најкорумпираната влада. Колку за илустрација 18 години Транспаренси ја следи Македонија и во 2010 година, земјава е на 67 место, на 64 место во 2014 сега во моментов сме најлоши. Сега Македонија во моментов е една земја неподготвена земја за преговори, забаталена, ништо не се случува, се цедат граѓаните преку низа на давачки – рече Ѓорчев.

Потенцирајќи дека Македонија никогаш не била попонижена и поопљачкана укажа дека нема ни нема возачки, регистерски за граѓаните, ама за мафијашите нема.

И кој е крив за ова? Тетката што сликала во пасошко, и чичкото што ставал печати. Не е можно тоа – рече Ѓорчев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.