По изборот на Гордана Силјановска Давкова за претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев како еден од претендентите во оваа партиска трка истакна дека го поддржува изборот на конгресот.

Ѓорчев се заблагодари за поддршката која му ја дале 80 делегати и и честиташе на Силјановска.

Изборот беше демократски и фер. Изборната кампања ќе ја води изборен штаб на Силјановска, но тие може да сметаат на мојата помош, рече Ѓорчев.

Тој порача дека останува зад лидерот Мицкоски и ќе продолжи со досегашното темпо.

Сплотено, заедно да ги победиме СДСМ, повика Ѓорчев кој на прашањето дали ќе се кандидира пак во иднина одговори дека рано е да се зборува за такво нешто од оваа перспектива.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.