Да бев пратеник, денеска немаше да се вакцинирам. Ќе ја препуштев мојата „пратеничка“ вакцина на некој постар, некој со хронични заболувања, некој медицински работник, лице со посебни потреби или слична категорија, напиша Влатко Ѓорчев на својот Фејсбук профил.

Не е во ред пратениците да добијат привилегија меѓу првите да се вакцинираат. Ако ја добијат, тогаш треба да ја одбијат. Имам разбирање ако се вакцинира пратеник над 65 години, со хронични заболувања, исто како другите граѓани. Не е во ред да се вакцинира некој пратеник со 27, 30 или 40 години, во добра здравствена состојба. Фијаското на Владата и министрите со вакцините е огромно, а последиците се илјадници загубени човечки животи. Тоа е нивниот срам и дебакл. Ќе се вакцинирам кога ќе ми дојде редот. Секој носи своја лична одлука, а јас го кажав моето лично мислење – вели Ѓорчев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.