На дивоградбите не им е местото покрај Охридското Езеро и треба да се отстранат, напиша денеска на Твитер амбасадорот на ЕУ во земјава, Дејвид Гир.

Евроамбасадорот смета дека уникатното природно и културно богатство во регионот – признато од УНЕСКО – мора да се зачува.

Заштитувајќи го наследството на Охрид сега, ние исто така инвестираме во работни места и во угостителската индустрија денес и утре, пишува Гир на твитер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.