Очигледно освен да грабаат државен имот овие од СДСМ друго и не знаат. На локалниве избори се случи и нешто друго. Децата на оние кои настрадаа од транзицијата ги победијата децата на транзициските богаташи особено во Скопје, слично беше и во Битола. Сега народот ги поддржа децата кои настрадаа. Тоа е големо мнозинство, тоа се над 300 илјади луѓе. И сега од она што остана неукрадено, останати се малку и тука е познатата Славија која се обидуваат да ја раскрчмат и да ја продадт на близок и се шпелулира со имиња на лица од еден град од  Источна Македонија, да не речам Струмица, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на гостување во емисијата Што не е јасно што се емитува на телевизија Алфа.

Тој посочи дека станува збор за брутална пљачка или 51 евро за акција или вкупно за 218 илјади евра се продава цела фирма.

И ова е во услови кога фирмата има значаен капитал, има управна зграда која ако земеме по 500 евра метар квадратен чини 7,5 милиони евра или само управната со магацините 13,5 милиони по пазарна цена. Тоа е вообичаено за нив, владата пред заминување на СДСМ сака да разграби имот. Но, да најавам ревизија и мој совет до Владата е да ја поништи продажбата да се зачува дежавниот имот, а до Агенцијата за конфуискување имот да го сопре ова затоа што ќе одговараат кривично, рече Николоски.

Николоски укажа дека Славија практично се продава колку за два стана.

Од кирија Славија според проценките приходува некаде 52 милиони денари или 800 и кусур илјади евра, тој што ќе ја купи ќе ќари од 600 илјди евра плус има 30 вработени кои ќе останат на улица и има 2000 поранешни вработени кои до крај не можат да го земат платите, вели Николоски.

Затоа, заклучи тој, мој совет е да се поништи продажбата на Славија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.