Оваа средба беше повеќе разочарувачка, а дискусија околу тоа што е Гоце Делчев немаше, изјави првиот човек на бугарскиот дел од заедничката бугарско-македонска комисија за прашањата за учебниците и историјата во утринската емисија Ангел Димитров на БТВ Новините, а пренесе Пресин ТВ.

Димитров обвинил дека речиси половина од средбата минала во бесплодни разговори да се говори или не за Гоце Делчев, во кои колегите од македонскиот дел на комисијата на чуден начин објасниле дека не разбрале дека требало да се разговара за Делчев.

Тие не разговараа со нас за личноста на Гоце Делчев. Разговорот беше изместен во еден друг контекст за по неговиот живот. Со еден социолошки и речиси политички ракурс во кој треба да се објасни колку е важен за македонскиот народ и како се претворил во симбол, објасни Димитров.

И тука, според него, е најразочарувачкиот момент од средбата.

Димитров смета дека кога отсуствува желба да се дозволи тема за дебата, тоа ја преминува границата, што создава добра атмосфера за вистинска работа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.