Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски информира дека вечерва во Гевгелија е формирано граѓанското здружение „За посветла иднина“, а на средбата со иницијативниот одбор за претседател е избран Ангел Купанов.

„Граѓанското движење се шири низ цела Македонија, граѓаните се обединуваат и го препознаваат граѓанскиот концепт на вредности! Продолжуваме и во останатите градови во државата, во септември формираме граѓанско здружение и во Скопје!“, рече Димитриевски.

Досега, граѓански здруженија се формирани во Куманово, Прилеп, Крушево, Кочани, Тетово и Гостивар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.