Новинарот Бранко Героски, во емисијата „Само вистина“ истакна дека идејата за премиер Албанец на ДУИ успеал да и донесе гласови на изборите и дека тоа сега е едно од барањата за коалиција со СДСМ.

Героски смета дека во врска со таа тема треба да се соочиме со реалноста.

Не би сакал да бидам тој што ќе го брани ДУИ, но да се сочиме со реалните факти. Во демократиите е правило победничката партија да го добие мандатот, но кај нас не е првпат да е прекршено правилото. Заев стана премиер без да победи на изборите. Албанец премиер би било уникатна ситуација. Не е невообичаное да се има премиер од партија која не е победник на изборите, но тоа се решава со политички договор. Втора работа е што е тешко да кажеме дека ДУИ е партија која ја дестабилизирала Македонија, историјата го покажала обратното. Од трета страна, велиме ДУИ е виновен за недостиг на реформи, за криминал и корупција. Тие се сега во релативно комотна позиција да наметнуваат свое барање, а ако тоа е национаистички наратив, зошто тогаш победи на изборите? Ова е за Албанците битна тема. Прашањето е зошто да не биде Албанец премиер? Они излегоа со конкретен лик, кој не е партиски кадар – изјави Героски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.