Заев е нервозен поради фактот што малку случаи што ги отворило СЈО немаат судска разрешница. И треба да е нервозан, бидејќи неговата омилена грација, наместо да работи како што треба, си играла „хип-хоп“. Тоа Заев, кој долго време нѐ убедуваше во нејзината невиност, не може да го признае, пишува новинарот Бранко Героски во својата колумна објавена на „Плусинфо“.

Според Героски, премиерот во заминување Заев не може да ја признае сопствената одговорност за таа страшна хаварија.

Но, еве, јас уште сега ви најавувам дека наскоро и тоа ќе се смени, бидејќи мојот серијал за аферата „Рекет“ го немам завршено. А како што слушам, некои други исто така опасно се спремаат…, пишува Героски.

Извор: Плусинфо.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.