Јас се извинувам, но по консултација со правни експерти морам да укажам дека претседателот на Собранието Талат Џафери НЕ СМЕЕ известувањето на премиерот Зоран Заев да го проследи до пратениците, бидејќи тоа НЕ Е ВО СОГЛАСНОСТ СО УСТАВОТ. Имено, во известувањето Заев се повикува на “Деловникот на Собранието на Република Македонија”, при што изостанува додавката CЕВЕРНА. Од тие причини, Собранието не може да одлучува за оставката врз основа на ова известување. Поради тоа веројатно ќе биде нужно оставката да се одложи. Пријатно, забележува на Фејсбук, новинарот Бранко Героски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.