Извадок од колумната на новинарот Бранко Героски за Плусинфо.

Се прашувам, како е можно вакво нешто да се случува во едно цивилизирано општество? Добро, Шуто Оризари е тоа, каде сѐ е можно, ама сепак… Баш сѐ?! Како е можно после ваков скандал за овој насилник да нема никакви санкции? До нас ли е, добри луѓе? До тој Курто ли е?

Не, другарчиња, не е до Курто, до Мурто е. Нека ми простат неговите верни фанови, ама јас мислам дека до нашиот премиер е. До човекот кој сака да се прикаже како скромен, вреден и искрен човек, по потекло од Муртино, нели, кој сепак мора да сфати дека историјата му доделила многу посериозна улога, го опремила со голема моќ, но со тоа и со уште поголема одговорност за севкупните состојби во државата.

Јас од тој Курто не очекувам ништо. Тој е класичен насилник! Јадна е таа партија што го има во своите редови! Но, од Мурто, од нашиот простодушен Муртинец со политички гениј во себе (иден нобеловец, нели), како што му е скроен имиџот, навистина очекувам многу повеќе. Во случајов, на пример, очекувам да му са јави на насилникот Дудуш и да му каже дека од него бара итна и неотповиклива оставка. Очекувам да ги поттикне органите на прогонот да го расветлат овој прилично јасен и веќе јавно документиран случај, па да покренат соодветна кривична пријава, а потоа и обвинение против Курто, за судот да го осуди според законот.

Многу ли очекувам?


Целата колумна ТУКА

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.