Во најновата колумна Бранко Героски се обраќа до Жбогар кому му посочува дека сите настани поврзани со аферата Рекет се одвиваа пред очите на сите и нема потреба сега да се бара релативизирање туку да се бара брза, ефикасна и сеопфатна истрага, како и политичка одговорност за аферата.

Вистинското ријалити шоу во Македонија, амбасадоре Жбогар, почна со изборот на Катица Јанева за шефица на Специјалното јавно обвинителство, институцијата што доби огромна домашна и меѓународна поддршка, логистика и буџет, за да го обели валканиот образ на македонското правосудство. Во тоа време, бевме малкумина кои предупредивме дека изборот на Јанева, со нејзиниот скромен просек на Правниот факултет во Скопје, со нејзиното скромно искуство во правосудството и со нејзината паланечка појавност, беше силен удар под појас за многу македонски судии, обвинители, адвокати и угледни правници, кои можеа да бидат избрани на нејзината позиција, пишува Героски.

Тој упатува на првите настапи на Јанева и го прозива Жбогар дали тогаш не биле свесни дека тоа е само првата секвенца од ријалити шоу.

Првиот јавен настап на Катица Јанева, во свадбарска чипка и со свадбарски говор, беше само првата секвенца на големото ријалити шоу, кое го опфати целото СЈО. Челните фаци преку ноќ станаа естрадни фаци, дел од скопскиот џет сет, ѕвезди за позирање за селфи фотки за Фејсбук и Инстаграм. Зошто сето тоа не Ви изгледаше барем малку сомнително и неприкладно, амбасадоре Жбогар? Можно ли е такво нешто да се случи во Вашата прекрасна Словенија? И дали до Вас не допираа гласините дека во бекстејџот на тоа наше ријалити шоу, всушност, се одвива погубен процес на одлевање на „бомбите“ на Заев и нивна опасна злоупотреба?, прашува Героски.

Целиот текст на следниов линк.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.