Новинарот Бранко Героски се приклучи кон бројните реакции на јавноста за денешното присуство на собраниска седниа на пратеничката Бисера Костадиновска Стојчевска и покрај тоа што е позитивна на ковид-19.

Ако е болна, мора да е во изолација. Ништо не значи скафандерот. Во ниту еден протокол не е предвидена можноста позитивни на ковид-19 да се шетаат во скафандери. Пратеничката веднаш да се спроведе назад во домашна изолација, ако треба и со полициска интервенција! Потоа да и се поднесе соодветна пријава!, порача Героски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.