Не му верувам на Зоран Заев кога вели дека за македонскиот јазик и за македонскиот идентитет нема да се разговара и да се преговара, вели во неговата последна колумна новинарот Бранко Героски, според кого „европска турнеја“ на премиерот е бесполезна, таа е само дел од преткампањата на СДСМ во пресрет на локалните избори.

Уште еден комичен обид на Заев да одглуми „патриот“. Мислам дека изјавата на Заев што немало да „даде” е евтин спин, мал вовед во она што тој, всушност, е спремен да го даде. Нашата историја и нашата етногенеза ќе ги понуди на преговарачката маса. Веќе се понудени. Таму ќе се бара компромисот што ќе го заговара владата на СДСМ.

А лагата ќе биде – ете, ги сочувавме јазикот и идентитетот, што сакате повеќе од тоа?, пишува Героски.

Целата колумна на „Плусинфо

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.