Ревносно ги објавуваме сите деманти на Владата на обвинувањата од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е професионална обврска на новинарите.

 

Иако, не ми е баш јасно што точно се демантира во овој демант. Дали се демантира дека лицето што го спомнува Милошоски е поврзано со ИСИС? Не. Дали се демантира дека тоа лице има добиено македонски пасош со лажен идентитет? Не.

 

Се демантира дека Заев и Спасовски се тие што издавале вакви пасоши. Тоа се демантира. Божем ние помисливме дека Заев и Спасовски се шалтерски работници во МВР, а не премиер и министер, политички одговорни за ваквите активности на државната администрација, кои не се можни без директно учество на државни службеници од висок ранг.

 

Оваа афера има огромно влијание врз урнисувањето на имиџот на Македонија во светот. Исто, ако не и повеќе, од аферите поврзано со трговијата со наркотици.

 

Тешко е да се отфрли одговорноста на првите луѓе на Владата и на СДСМ за овие работи. Просто невозможно.

Ова е коментарот на новинарот Бранко Героски на денешниот демант испратен во Владата во кој има се само демант не. Што сакаше Владата да демантира денеска?

Ревносно ги објавуваме сите деманти на Владата на обвинувањата од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е професионална обврска на…

Posted by Branko Geroski on Sunday, 11 April 2021

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.