Во синоќешната емисија „Што не е јасно“ новинарот Бранко Героски зборуваше за последната колумна, во која го прашува Зоран Заев зошто не го употребува зборот Северна кога им честита на ракометарите. Героски го повтори својот став дека Заев не ја користи придавката Северна, затоа што доаѓаат избори.

Героски ја коментира изјавата на висок функционер, според кога во речиси една минута Заев пет пати го употребува името Северна Македонија.

Tоа не беше случајно. Јас мислам дека постоеше еден обид во дел од јавност што го поддржува СДСМ да се изведе еден мал идентитетски инжињеринг, односно новото име Северна Mакедонија за кое тврдам според нашите лингвистички јазична правила не е скратената име од Република Северна Македонија. Именката Македонија е основа на фразата, но ете некој запна да вели дека Северна Македонија е скратеното име и тврдев дека во тој период не е така. Но, постоеше една група на интелектуалци кои се обидоа од тоа да произведат именка, да произведат придавка за јазикот и за нацијата, па дури имаше и иницијатива да се промени химната, да се променат некои други атрибути на нашиот идентитет. Тоа беше мал обид да се изведе идентитетски инжињеринг и мислам дека ова што се случуваше во овој период беше последица на тој обид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.