Новинарот Бранко Героски реагира на селективноста во анализирање на лажни вести, од неколку сајтови кои, како што вели, со странски грантови ловат лажни вести по порталите и на социјалните мрежи.

Нивните анализи ги споделувам редовно на мојата ФБ група ТОП КОЛУМНИ И КОМЕНТАРИ, иако не морам и од тоа немам ништо.

Е сега, не видов некој од овие сајтови да напише анализа за лажната вест за наводната веселба кај поранешниот вицепремиер Васко Наумовски. Се испостави дека веселбата била лани и дека неколку сајтови и инфлуенсерковци објавиле лажна вест.
Зошто за таа лажна вест не се пишува? Колеги ловци на лажни вести, објаснување?, прашува Героски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.