Вака другарчиња, не се гради држава во која ќе владее правото, вака само се доградува постоечкиот хибриден режим.Нека ви е на здравје законот на сите што ќе си обезбедите неказнивост за вашите злодела!- пишува во најновата колумна во Плусинфо, Бранко Героски.

Според него новото лошо законско решение за третманот на нелегално прибавените докази при покренувањето обвиненија е индиција дека во поттекстот на овој проект постои некаков конкретен или можеби премолчен договор едни „бомби“ да експлодираат и да се третираат како докази, а други да се демонтираат за сите времиња.

Тоа, освен што е противуставно, не е ни фер, бидејќи граѓаните на тој начин се ставаат во нерамноправна положба – пишува Героски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.