Новинарот Бранко Героски се обрати со апел до надлежните институции да побрзаат со истрагата за „Рекет“ да не избегаат најважните соработници на Боки 13. Тој најавува дека во вторник ќе соопшти имиња од врвот на СДСМ вплеткани во перењето пари, а ако е потребно и порано ќе ги соопштел.

ИСТРАГАТА ЗА “РЕКЕТ” ДА ПОБРЗА И ДА ВНИМАВА! ГЛАВНИТЕ СОРАБОТНИЦИ НА БОКИ 13 ВО ПЕРЕЊЕТО ПАРИ МОЖАТ ДА КИДНАТ. ВО ВТОРНИК ЌЕ ОБЕЛОДЕНАМ КОИ СЕ ТИЕ И КАКВА Е НИВНАТА ВРСКА СО ЛИЦЕ ОД САМИОТ ВРВ НА СДСМ. АПОЛОГЕТИ, БЕЗ ПАНИКА – НЕ Е ЗАЕВ!

Пензионерката Лилјана Тодоровска за Телма го даде клучниот исказ за тоа како се испрани парите од градежните фирми “Пелистер” и од “Дрим билдинг”.

Но, Лилјана Тодоровска не е перачот, туку луѓето кои биле со неа и кои веднаш и ги зеле парите. Очекувам Тодоровска итно да ги соопшти нивните имиња, за да ја намали или дури и да ја оттргне вината од себе.

Според моите сознанија, Фросина Ременски исто така ги знае овие лица и ја знае шемата. Бидејќи таа најави дека ќе соработува со истрагата, очекувам отворено да ги каже овие работи.

Кој мисли да избега од фактите, гадно се зезнал!

Ќе почекам до понеделник, а потоа во вторник ќе ги соопштам клучните луѓе од Меѓународен сојуз кои учествувале во операцијата на перење пари. Се надевам дека истрагата ги следи и дека нема да им дозволи да избегаат од земјата, бидејќи, како што слушам, лицето кое е најважен соработник на Боки 13 веќе чистела документи од неговата канцеларија.

И нешто друго ќе објавам во вторник, ако истрагата и натаму продолжи да тапка в место – можеби само со псевдоними и референци, но лесни за препознавање, ќе ја кажам врската на клучните перачи на Боки 13 со лице од самиот врв на СДСМ.

За апологетите да не паничат, еве ќе ги смирам малку – не е Заев!

Се надевам и очекувам истрагата да биде побрза од мене.

До читање во вторник!

ПС. Ако се наложи итна потреба, ќе пишувам и поскоро. Ова одложување не е никаков маркетиншки трик, туку моја искрена желба истрагата да се истакне, а и во СДСМ да почнат со внатрешна лустрација во врска со овој случај, напиша Героски на својот фејсбук профил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.