Новинарот Бранко Героски објави статус со кој повика да се крене рачна со заканите од страна на политичарите во земјата кон медиумите и новинарите.

Оваа реакција на Героски доаѓа откако премиерот Зоран Заев јавно изјави дека ќе ги тужи сите медиуми кои објавувале информации за случајот Рекет.

Тој ги повика и министрите Никола Димитров, Радмила Шекеринска исто така да му се придружат. По оваа изјава на Заев, Шекеринакса, Димитров и Ременски се охрабрија, па најавија тужби за дел од медиумите меѓу кои е и „Репбулика“.

На ова реагираа МАН, ЗНМ, АВМУ повикувајки ги политичарите на слобода на изразување во земјава, потенцирајки дека треба да се остават новинарите да си ја вршат својата работа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.