Иако звучеше застрашувачки колумната во која новинарот Бранко Гроски им даде 48 часа на Кики и Фрики, небаре по истекот на тие два дена ќе го открие нивниот идентитет и ќе му ја реши мистеријата на премиерот, тоа не само што нема да се случи, напротив, Героски денеска јавно се откажува од Кики и Фрики.

Завршив и со бедниот извршител Коки. Белким не помисливте дека поради една таква колосална будала се потресла целата влада и е активирана обвинителска артителија од највисок калибар. И дека цената за тоа ќе ја плати само еден глупав аматер. Доаѓа време да ви раскажувам за вистинските фраери и за улогата на Каки, Заки, Трики, Раки, Шеки, Џеки, Жаки… Ма лупам онака без врска. Колегите нека ја анализираат (без)вредноста на мојот езоповски јазик, а јас ќе ви раскажувам нови вистински приказни, од кои косата на главите ќе ви се крене! Ако не ме претекне вистината излезена на бело видело…, пишува Героски во колумната „Другарчиња, завршив со Фрики и со Кики, наскоро одиме на некст левел!“ објавена на Плусинфо.

Ви пренесуваме дел од колумната на Героски, а целата можете да ја прочитате ТУКА.

Белким не поверувавте дека онаа ботоксирана несреќа е главниот фраер во „бомбашкиот“ рекет, а не само беден извршител! Белким не помисливте дека поради една таква колосална будала се потресла целата влада и е активирана обвинителска артителија од највисок калибар. Белким не сте толку наивни за да се излажете дека поради тој рекетар е растурено целото СЈО, гордоста на Шарената револуција и најголемата американска политичка инвестиција во Македонија. И дека цената за тоа ќе ја плати само еден глупав аматер…

Ајде луѓе, мислете малку со главите! Ова не е ријалити шоу. „Бомбашкиот рекет“ е голем скандал, голема приказна. „Нуклеарна“ бомба. Од разврската на аферата зависи и опстанокот на оваа власт. Во моите нови приказни ќе се обидам да ви раскажам зошто. И секако, пак ќе користам измислени имиња. Дали тоа ќе бидат Каки, Заки, Трики, Раки, Шеки, Џеки, Жаки (лупам онака без врска) или и некои други ликови, ќе видиме. Колегите нека ја анализираат (без)вредноста на мојот езоповски јазик, а јас ќе ви раскажувам вистински приказни од кои косата на главите ќе ви се крене!

Но, пред тоа, од почит кон премиерот Заев и кон неговата смелост прв да го пријави рекетот уште во април, но и од почит кон СДСМ, партијата за чие доаѓање на власт има и еден мал промил мој личен придонес, во првите денови од август ќе очекувам да бидам повикан на пријателски разговор кај премиерот Заев (не знам како функционираат новите протоколи, па еве јавно се пријавувам за средба, а ќе се пријавам и во кабинетот). Не барам ништо од него, сакам само да му објаснам зошто е толку важно тој сам да ја разреши оваа криза, на единствениот можен начин – така како што Александар Велики го пресече Гордиевиот јазол (да украдеме и ние нешто од светската историја).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.