Героски: Евентуалниот датум за ЕУ нема да влијае врз гласачите, граѓаните веќе се одлучени на кого ќе го дадат својот глас

Македонија 05.03.2020 / 10:51

Датумот може до некаде да влијае врз расположението на гласачите во Република Македонија, иако јас не мислам дека тоа е некое преголемо влијание. Моја лична проценка е дека најголем број на луѓето веќе имаат одлучено што ќе прават на денот на изборите, дали ќе гласаат дали нема, за кого ќе гласаат ако гласаат и така натаму. Но, можна е политичката злоупотреба и обид да евентуално позитивните сигнали – како што беше со овој позитивен извештај, да бидат употребени како еден вид на дел од пропагандата, посочи новинарот Бранко Героски во синоќешната емисија „Заспиј ако можеш” на Алфа телевизија.

Не ми се допадна реториката на СДСМ после таа одлука на ЕУ и тоа го кажав јавно, дека тоа е потврда на правиот пат нели, па се спомнува Заев и неговите дела и така натаму. Што ми дава за право да кажам да, ќе се злоупотребува извештајот за ЕУ и ќе има поличко профитирање од тој добар сигнал што го очекуваме, потенцираше Героски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.