Новинарот Бранко Героски не е оптимист дека поранешните премиери ангажиарни во помирувањето со Бугарија, Владо Бучковски како специјален преставник на премиерот Заев и Љупчо Георгиевски како лобист ќе направат многу во доближување на Македонија и Бугарија

Но, позициите на Софија се толку тврди, така да мислам дека не ќе можат да постигнат никаков договор со нашата влада. Мислам дека не ќе може да се собере таква политичка храброст и лудост за да се постигне тој договор. Тоа се позиции кои за нас Македонците се неприфатливи и не верувам дека некој ќе собере храброст тоа да го потпише, истакна Бранко Героски новинар и уредник, во вечерашната емисија “Заспиј ако можеш” на Алфа телевизија.

Тој додаде дека премиерот Заев ја минимизира улогата на историската комисија затоа што таа му откажа послушност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.