Новинарот Бранко Героски најави дека вечерва на „Плусинфо“ ќе објави ексклузивни детаљи за тоа како се поврзани Катица Јанева, Боки 13 и Зоки Кичеец. „Дали популарниот обвинителот е мозокот на операцијата? Дали станува збор за еден или за двајца обвинители? Дали станува збор само за рекет, или и за злосторничко здружение? Што уште треба да покаже и докаже обвинителката Вилма Русковска?“, пишува Геровски, најавувајќи дека одговори ќе даде во нова колумна.

Героски изминатите месеци пишуваше за ректерска банда, каде преку севдоними објаснуваше како моќници рекетирале бизнисмени. Во интервју на 1ТВ, Бојан Јовановски познат како Боки 13 призна дека тој е „Коки“ за кој пишува Геровски, но негираше дека рекетирал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.