Невладината организација Меѓународен сојуз – Скопје, чиј основач е Бојан Јовановски, сега осомничен во аферата „Рекет“, на 25 декември 2017 година потпишала Меморандум за соработка со Министерството за транспорт и врски. На документот се потпишани Јовановски и министерот Горан Сугарески, објави попладнево новинарот Бранко Героски на Плус инфо, кој тврди дека поседува и фотографија од овој документ.

Героски пишува дека во Меморандумот двете страни се согласиле „за меѓусебна соработка при имплементација и реализација на активности и проекти од областа на заштита на цивилно општество и социјално загрозени граѓани“, а, пак, соработката на Боки 13 со институции на централната и на локалната власт, му помогнале на Меѓународен сојуз да стекне имотна корист.

На овој начин, во мрежата на осомничениот Бојан Јовановски, перфидно биле „заплеткани“ министри, градоначалници и други високи функционери на државата и на партијата на власт, а за да ја зацврсти својата уверливост, Јовановски одржувал контакти на највисоко ниво, со сите поважни луѓе од државниот врв, како и со други познати јавни личности.


Целиот текст на Плусинфо

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.