Новинарот Бранко Героски, кој прв во јавноста излезе со приказната за рекетот, кој се покажа како вистинита, најави дека во понеделник ќе открие кои се Кики и Фрики? Тој користеше псевдоними во неговите колумни, па така Коки беше Бојан Јовановски, а Зоки, Зоран Милески Кичеец.

За Кики и Фрики Героски откри дека се политичари, дел од владејачката гарнитура. Се работи за пратеници, од кои едниот до неодамна бил на висока партиска позиција, а другиот пак бил на висока државна функција. Денеска премиерот Зоран Заев изјави дека за него Кики и Фрики не постојат.Тој дури и ги повика новинарите да ги објавеле имињата на Кики и Фрики, за истите да можат да тужат.

Кога ќе ги соопштите со име и со презиме, јавно, за да можат да ве тужат, вас новинарите или слично, тогаш ќе разговараме за име и за презиме. Кики и Фрики за мене не постојат. Треба да ги соопштите заради тоа што кога е истражувачко новинарство, тоа е креативно, треба да носи со себе и храброст. Изволте, секој да го истакнете ако има сомневање. Мотивирам, апелирам за истражувачко новинарство, рече Заев.

На ова вечерва Героски одговори:

Ај в понеделник ќе ви кажам кои се Фрики и Кики.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.