Откако премиерот Зоран Заев во интервју за грчката телевизија Алфа изјави дека Македонија со години си присвојувала туѓа, светска и балканска историја, српските медиуми денеска излегоа со наслов дека премиерот признал дека Македонија нема своја историја, туку краде туѓа.

На ова реагираше македонскиот новинар Бранко Героски кој го искритикува непромислениот настап на Заев.

Е јеби га, друже Заев. Читав дека пред некој ден во кабинетот сте правеле стандарди и некаков ред. Што е паметно. Ама во тој ред спаѓа и обврската сериозно да си го средиш вордингот. Најди со писмен и пристоен спич-врајтер, човек што може да ти помогне. Да не бидам погрешно разбран, јас не сум заинтересиран. Ама има паметни помлади дечки што можат да ти помогнат. Оти вака не го личи – пишува новинарот Бранко Героски на својот фејсбук профил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.