Германската влада е заинтересирана за разрешница во случајот со кривичната пријава против Артан Ајро и Арафат Муареми, која ја поднесе Фехми Стафа, државниот правобранител кој мината недела си поднесе оставка, пишува Инфомакс.

Германските истражни органи до овој момент не можат да стапат во контакт со обвинителот Артан Ајро и ексдиректорот на Финансовата полиција Арафат Муареми.

Кривичната пријава на Стафа, ги обвинува ексдиректорот на Финансиската полиција Арафат Муареми, обвинителите Артан Ајро и Гаврил Бубевски дека сториле кривично дело со непостапување согласно законските обврски.

Поранешниот специјален обвинител Артан Ајро, кој сега работи во обвинителството за организиран криминал, неговиот колега Гаврил Бубевски, кој сега е шеф на скопското обвинителство, како и Арафат Муареми, поранешен истражител во СЈО, а сега ексдиректор на Управата за финансиска полиција, се осомничени за злосторничко здружување заради злоупотреба на службена положба и овластување и несовесно работење, пишува Инфомакс.


Повеќе ТУКА


Дека нешто смрди околу поранешните кадри на СЈО и директорот на Финансовата полиција, исто така прозилезен од СЈО, покажа и суспензијата на Вилма Рускоска.

Главниот обвинител Јовески ја суспендираше шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Рускоска поради претресот кај првиот човек на Финансовата полиција Арафат Муареми. За Русковска и колешките, Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска е покренета дисциплинска постапка и се бара утврдување на одговорност за трите обвинителки.

Индикативно, на предлог на Јовески за заменик на Рускоска е назначен обвинителот Трајче Пеливанов, исто така кадар произлезен од СЈО.

Додека шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска е под супсензија токму обвинителот Трајче Пеливанов кој речиси две години е во Обвинителството за гонење организиран криминал, по предлог на републичкиот обвинител Љубомир Јовески и одлуката за избор од Советот на јавни обвинители, ќе раководи со оваа институција.Тој, пак, на денот на претресот во Финансова полиција бил во кафеана заедно со тогашниот директор на управата, Арафат Муареми, дознава „Инфомакс“.

Претходно, Владата ја констатира оставката на државниот правобраните Фехми Стафа. Иако Стафа информира дека ја поднесува оставката од лични причини, се шпекулира дека причина бил пресилниот притисок токму од обвинителите Ајро, Бубевски и од првиот човек на Финансовата полиција Муареми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.