Меѓу Македонија и Бугарија има добрососедски односи. Бугарија прва ја призна  Македонија како независна и е силен поддржувач на европеизацијата на целиот регион, особено на процесот на приближување на Македонија кон ЕУ.

Освен тоа, постои и Договор за добрососедство и, според мене, тој треба да се исполни со живот и консеквентно да се спроведе, рече денеска амбасадорката на Германија во земјава, Анке Холштајн.

Во интервјуто за Студио 10 на Телевизија 24, Холштајн истакна дека Германија и натаму ќе остане силен поддржувач на  Македонија. Важно е, порача, да се искористи времето за реформи и Европа да се донесе во Македонија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.