Предлогот на Франција за реформа на процесот на проширување на ЕУ, за кој треба да се дискутира на министерскиот состанок на ЕУ, не носи ништо ново – тоа само ќе го забави процесот на проширување, оценуваат за ДВ во Берлин.

„Реформските предлози на француската влада во врска со методот на проширување на ЕУ се познати за нас. Отворени сме за разговори кои би довеле до подобрување, но само доколку тоа не го одложи дополнително започнувањето на пристапните преговори со Албанија и Северна Македонија“.

Ова е одговор на германското Министерство за надворешни работи на барањето на ДВ да го коментира предлогот на Франција за реформа на процесот на преговори со земјите што бараат членство во ЕУ. Предлогот треба да се разгледа на министерскиот состанок на ЕУ (19.11), но тој веќе доби остра критика меѓу дипломатите и аналитичарите на ЕУ

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.