Германија и донира на Македонија осум респираторни машини како поддршка за македонските клиники. Вкупната вредност на донацијата е околу 233.000 евра.

Како што соопшти германската амбасада во Скопје, донацијата e по иницијатива на Сојузната Влада за време на германското претседателство во Советот на Европската Унија, за помош на државите од Западен Балкан во справување со пандемијата од Ковид-19.

Вкупната вредност на донацијата е околу 233.000 евра, а се имплементираше преку германската Сојузна агенција за цивилна заштита „THW“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.