Преписката помеѓу Љубчо Георгиевски и Бранко Героски продолжи со нов статус „Фејсбук“. Овојпат, поранешниот премиер реагираше на колумната на новинарот за „Плусинфо“ со наслов „Љубчо, кажи кој ти го наметна Ден Дончев – да не беше случајно по муртинска линија?“

Како прво Героски има искинато многу повеќе пара чевли од мене низ годините наназад за Дончев да добие директорско место. Како второ, воопшто не ми е намерата да го бранам Ден, напротив со задоволство ќе читам сѐ што Героски ќе напише во корист на јавното добро. И трето, само не ми го лепи Ден затоа што немам никаква лична или партиска одговорност за него, а испаѓа дека свесно пушташ лажна трага, пишува Георгиевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.