Вчерашната седница на Советот покажа уште една јавна сервилност на Георгиески кога е во прашање ДУИ, односно негова лична заложба како точките од интерес на ДУИ да бидат изгласани, велат од ВМРО-ДПМНЕ Охрид, во денешниот допис до медиумите.

За да опстои коалицијата со Усеини, Градоначалникот одобри нови 17 вработувања во ЈП „Нискоградба“ кое го раководи кадар на ДУИ, кои вработувања граѓаните ќе ги чинат близу 5 милиони денари годишно, а во исто време го повлече планот за вработување на ЈП „Билјанини извори“ кој предвидуваше 4 нови вработувања, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ Охрид.

Според нив преголема е цената која Георгиески ја плаќа само да опстои коалицијата од интерес помеѓу него и Усеини.

Понатака во соопштението од партијата додаваат:

Се поставува прашањето: Зошто Георгиески не го стори истото и не побара да се изгласа точката за паркирање, туку бараше начин со неговиот недемократски однос и одбивањето на точката за работењето на ЈП „Водовод“ предложена од опозицијата, за истата да ја примора да ја напушти седницата?

Георгиески да одговори:

Дали има забрана од коалицијата таа точка да биде изгласана?

Доколку нема, го повикуваме да престане со неговите добро познати дворски игри и веднаш да побара седница на која ќе му помогнеме точката за паркирање да биде изгласана!”

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.