Новак Ѓоковиќ се вклучи во живо на социјалните мрежи и зборуваше за Република Македонија, за Македонците, ја запеа „Македонско девојче“ и изрази желба да ја посети нашата земја. Земјата која тој ја нарекува по нашето уставно име Република Македонија. Додека пееше, Новак кажа дека сака да го посети Охрид.

По ова, премиерот Заев му упати јавна покана на славниот тенисер, а на поканата се приклучи и градоначалникот Константин Георгиески кој во пост, по примерот на Зоран Заев на Фејсбук го коригираше Ѓоковиќ, нарекувајќи ја нашата земја Македонија.

Се приклучувам на поканата на нашиот премиер Зоран Заев и во името на сите граѓани на Република Македонија упатувам јавна покана до Вас и Вашето семејство да бидете гости во нашиот преубав Охрид и да уживате во нашето Охридско Езеро и сите уникатни природни и културни богатства“, напиша Георгиески на Фејсбук.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.