За генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски, вчерашната изјава на Зоран Заев дека нема да дозволи „криминалци, еден суетен новинар и еден педер“ да ја урнат владата, не е скандалозна.

Напротив, Николовски застана во одбрана на лидерот за кого вели дека „кога човек е борец и успева државата да ја води напред, тогаш криминалците и непријателите ќе се здружат против напредокот“.

Да не беше Зоран Заев уште ќе траеше борбата за слобода и демократија.

 

Ќе бевме заробена и изолирана држава. Ќе владееше стравот и молкот а медиумите и судството уште повеќе поклопени од режимот.

 

Да не беше тој немаше да имаме премиер што одговара на секој, што ги слуша сите, што има трпение и храброст за секоја потреба и цел на граѓаните.

 

Да не беше тој денес немаше да бидеме земја – светол пример, пред влез во #НАТО и пред вратата на 🇪🇺.

 

И кога човек е борец и успева државата да ја води напред, тогаш криминалците и непријателите ќе се здружат против напредокот.

 

Граѓаните секогаш ќе ја изберат правдата и државата а не мафијата.

 

Светлата иднина а не мрачното минато.

 

Затоа ќе успееме!, пишува Николовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.