Вчера на Македонската радиотелевизија во емисијата за млади „Моја сторија“ се зборуваше за ЛГБТИ заедницата, каде гостуваа Ивана Костовска – социјален работник во Сигурна куќа и Скопски квир центар, Давид Тасевски – психолог, програмски директор на Субверзивен фронт, Лила Милиќ – активистка за правата на трансродовите лица и сексуалните работници и Кочо Андоновски – програмски директор на ЛГБТИ Центар за поддршка.

Во најавата за самата емисија, направена е и анкета помеѓу младите во Охрид, кои одговараат на прашања за љубовта помеѓу две лица од ист пол, а промо видеото кое постојано одеше на МТВ и се споделуваше на социјалните мрежи, завршува со изјавата на младо момче кое вели „Сакам да го сакам својот дечко во јавноста без некој да ме нападне. Предмалку тоа беше отстрането од страницата МРТ1 Промо на „Фејсбук“ откако собра многу негативни коментари од граѓаните.

Скришотови и видеа од емисијата денеска ги преплавија социјалните мрежи. Јавноста е запрестена што вакви содржини се пласираат во ударен термин во емисија наменета за малолетни лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.