На четвртата седница на Советот на општина Гази Баба денеска едногласно беше усвоена одлуката предложена од градоначалникот Бобан Стефковски  за доделување на 450.000 денари за помош на семејствата на загинатите во несреќата која се случи во Република Бугарија пред два дена.

Седницата започна со едноминутно молчење во знак на почит кон загинатите.

Во мигови на голема тага и жалост во кои се наоѓа Република Македонија, хуманоста и солидарноста се најпотребни.
Општина Гази Баба и нашите жители пред пет години бевме соочени со друг вид на несреќа која исто така одзема човечки животи и нанесе голема материјална штета. Во тоа време цела Македонија, соседните држави, организации и граѓани се обединија во солидарноста и хуманоста и подадоа рака за жителите на Стајковци, Црешево, Синглиќ и останатите населени места погодени од поплавата.
Општина Гази Баба не заборава и затоа кога и на кого да е потребно, Општина Гази Баба ќе помага, рече пред советниците Стефковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.