Градоначалничката на Могила, Јасмина Гулевска, не само што си ги вработи роднините, туку си ја вработи и нејзината бајачка од село Прибилци, Демир Хисар, открива Душан Илиевски, најспознат како Душко Млекарот.

Се работи за извесна Марина Ристевска, која е вработена во ФОД-РЕК Битола.

Ако не ѝ даделе решение за работа, гатачката Марина ќе им направела црна магија. На кои други функционери од Битола им гата Марина?, прашува Душко Млекарот.

Тој објавува и видеоснимка на која, како што вели, соговорник зборува со Марина и си ги бара парите назад.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.