Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши за ТВ21 го коментираше предлогот на премиерот Зоран Заев за разговори со опозицијата да биде дел од Владата.

Тој рече дека оваа идеја била актуелна и порано, и доколку постои волја, е подготвен да разговара.

Ова не е нова идеја, ова сме го кажале и ние порано кога зборувавме за поларизација на државата. Доколку постои искрена волја да се разговара за редефинирање на моделот на управување, ние сме подготвени да разговараме. Важно е да се има кохезивна и функционална состојба, за која зборуваме од 2014 година – рече Гаши.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.