Лидерот на Алтрнатива Африм Гаши не смета дека Алтернатива ја ослабела албанската опозиција со напуштањето на колаицијата со Алијансата за Албанците.

Дали ја ослабевме опозицијата или се ослабевме себеси е прашање кое треба да се разгледа сериозно, бидејќи може да имаме позитивен одговор на двете прашања. Но, кој е интересот на Алтернатива и на државата во овој момент? Дали треба да размислуваме земјава да ги почне преговорите со ЕУ или да останеме таму каде беа прекршени одредени начела?!, вели Гаши.

Гаши додава дека сѐ уште има посебна почит кон Алијанса за Албанците.

Ние со Алијанса за Албанците чекоревме заедно. Заедно поминавме два изборни циклуси, имам посебна почит кон нив, како и кон експонентите на партијата и сите гласачи. Посакувам засекогаш да остане таа енергија која постоеше меѓу нас.

Алијанса за Албанците смета дека со средбите што ги одржал со Заев Гаши го прекршил договорот што го имале, но од Алтернатива одговорија дека тие немаат пушка за Алијанса.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.