Денеска како сведок за настаните од  27 април во Кривичниот суд се и појави тогашниот пратеник од Веса, сега претседател на Алтернатива, Африм Гаши. Тој објасни како течел тој ден во 2017 година и оти околу 17 часот си заминал од Собранието, но се вратил подоцна.

Пред да си замине се потпишал на барањето седницата да продолжи следниот ден во петок.

Гаши рече дека во целото свое раководење на конститутивната седница, спикерот Трајко Вељаноски како претседавач се држел стриктно до Деловникот.

Прашан дали во рамки на Беса се разговарало и се договарало пратеникот Зекирија Ибраими да ја пее албанската химна, тој одговори дека за тоа воопшто не станало збор.

Не се разговарало ниту пак се договаравме Ибраими на седницата да ја пее албанската химна, рече Гаши.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.