Африм Гаши, лидерот на Алтернатива, синоќа во дебатната емисија на ТВ21, истакна дека не е време за премиер Албанец во Македонија.

На Албанците во Македонија им треба решавање на конкретни проблеми, и нашата понуда има за цел содржината со суштината на тие проблеми и ние ќе се потрудиме идната власт ја направиме врз тие принципи. Да создадеме Влада каде што не само Премиерот, туку и целата Влада да е ставена во функција на развојот и реализирање на решавање на проблемите. За несериозни идеи нема да разговараме. Али Ахмети им се обраќа на албанските гласачи, на тие што веруваат во таа идеја. Ние сме излезени со друга идеја и нашата програма ги решава проблемите на сите. Секој Албанец ќе се чувствува подобро ако гласаат за нас – рече Гаши.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.