Зоран Заев и Христијан Мицкоски ги понижија Албанците преку Али Ахмети, реагира албанската опозициска коалиција на Алијанса за Албанците (АА) и Алтернатива.

Тие замеруваат тоа што ДУИ, како претставник на Албанците во Владата не бил дел од средбата на двајцата лидери.

„ДУИ, која се преправа дека е претставник на Албанците во Владата, денес уште еднаш го потцени своето гласачко тело и сите Албанци. Самиот Зоран Заев потврди дека само го известил Ахмети за одлуката за одложување на пописот по телефон и дека не го прашал за неговиот став во врска со оваа прашање. Мицкоски, во меѓувреме, го нарече само квантитет, а не квалитет. На овој начин, од партија што влезе во владата мамејќи не со ’албанскиот премиер‘, ДУИ денес се претвори во партија што им прави поголема штета на Албанците, овој пат со одложување на пописот“,

реагираат од АА и Алтернатива.

Коалицијата ги обвинува Заев, Мицкоски и Ахмети и за пописот, па порачува дека тројцата никогаш нема да можат да го намалат бројот и процентот на Албанците во  Македонија.

Од друга страна, пак, од албанската опозиција велат дека Заев и Мицкоски се „предадоа“ пред темата за државјанството, па сега ќе седнат и ќе разговараат за неа.

„Процесот беше инициран и го спроведува Алијансата за Албанците и Алтернатива. Првично побараа од нас да седнеме, а наскоро ќе бидат принудени да го решат овој проблем, бидејќи тие знаат дека не сме сите Албанци, ДУИ и Ахмети“,

велат од АА и Алтернатива.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.