Поранешната министерка за култура, професор Ганка Цветанова, реагира на изјавата на министерот Никола Димитров дека македонската нација е нација со комплекси.

Оикофобија е поим кој означува аверзија кон домашното окружување. Спред Роџер Скратон, либералните политички елити се типичен пример за оикофобија зошто имаат потреба да ги отфрлат или омаловажат сопствената култура и обичаи. Ние Македонците од оикофоби си патиме – пишува Цветанова на својот „Твитер“ профил.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, на почетокот на седницата на која се разгледуваа нацрт-уставните амандмани, во расправа со опозицијата појасни дека „македонската нација е нација со комплекси“, обидувајќи се да го наметне неговиот став дека со договорот од Преспа наводно се заштитува македонскиот идентитет и јазик.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.