Повеќе од 1000 формираа километарска колона, која веќе се движи од СРЦ „БОрис Трајковски“ кон Владата на протестот на кој повика ВМРО-ДПМНЕ.

Сите граѓани, без разлика на етничката, верската или политичката припадност да земат учество во сенародниот и надпартиски протест за заштита на националните црвени линии кои се последниот бедем на македонскиот идентитет под мотото „Протест сега, за да не биде предоцна“. Ги повикуваме граѓаните масовно и на достоинствен начин да се спротивстават на пазарџиската и анацинална политика на Зоран Заев и владата кои се подготвени да ги распродат националните интереси на Македонија.



Протестот започна во 18 часот од пред паркингот на СЦ „Борис Трајковски“, а колоната автомобили ќе заврши пред Владата на Република Македонија во 18:30 часот.

Нема Македонец кој не почуствува срам од интервјуто, каде Заев со насмевка и скрстени раце кажуваше невистини за својот народ.
Ако Заев ги прогласи окупаторите за ослободители, тогаш македонските антифашисти – Партизаните кои се вистинските ослободители, Заев ги прави окупатори, а бидејќи врз антифашистичката и Народноослободителната борба како и Илинденската борба се темели на македонската државност, тогаш испаѓа дека Заев ја укинува и македонската државност.
Ова не е нималку наивно, се наоѓаме во историски моменти и или ќе покажеме дека заслужуваме држава или ќе нѐ нема, рече во повикот  лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Граѓаните да бидат особено внимателни и да не подлегнуваат на евентуални смислени провокации на власта, вметнати провокатори од власта во заминување кои имаат за цел да фрлат дамка на сенародниот и натпартиски протест.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.